• Зоран Мишевски

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс се пласираа во четвртфиналето на Лига Европа, откако го елиминираа турски Фенербахче по подоброто изведување пенали (3-2). Гостите брзо го анулираа поразот од 1-3 во Истанбул со триумфот од 0-2 во регуларните деведесет минути, но не успеаја да направат целосен пресврт во Шкотска.
Гостинскиот тренер Жозе Мурињо реши на клупата да ги задржи Душан Тадиќ и Един Џеко. Себастијан Шимански, кој беше особено расположен, го постигна воведниот гол во 45. минута по центаршутот на Костиќ. Полјакот целосно го врати Фенербахче во игра со гол во 73. минута, што беше сигнал на Мурињо да ги внесе Тадиќ и Џеко. Ен Несири пропушти одлична прилика на истекот на регуларните деведесет минути, па натпреварот отиде во продолженија.
Бидејќи и таму немаше голови се пристапи кон пенал серијата. Ударот на Тадиќ го одбрани Батланд, но Егрибајат го прочита Хаџи во третата серија. Следуваше промашување на Фред, па на Јандас и стана јасно дека Фенербахче ја заврши европската сезона оваа сезона.
- Извештај од натпреварот:
Ренџерс во четвртфиналето на Лига Европа ќе се сретне со Атлетик Билбао, кој ја елиминира Рома.