Забава
Зборовите не им значат ништо: овие два хороскопски знака нема да исполнат ниедно ветување

Сите понекогаш даваме ветувања што не ги исполнуваме, но за некои луѓе тоа не е исклучок, туку правило.
За нив ветувањето не е свет збор, туку само случајна реченица во момент на емоции, ентузијазам или потреба да им се допадне на другите.
Таквите личности често не размислуваат лошо – тие едноставно не размислуваат долгорочно, брзо се предомислуваат или забораваат што кажале.
Иако можеби немаат лоши намери, нивното однесување може да предизвика разочарување и губење на довербата. Според астрологијата, луѓето родени под овие два хороскопски знаци најчесто се опишуваат како оние кои лесно даваат ветувања и уште полесно ги прекршуваат.
Близнаци
Луѓето родени во знакот Близнаци се познати по својата дволичност, брзо размислување и немирен дух. Тие обично даваат ветувања во моментот кога нешто им изгледа интересно, но веќе следниот ден може да имаат сосема нов план или идеја.
Нивните намери честопати не се лоши – тие едноставно се понесени од сегашниот бран на мисли, желби и околности. Тешко е да се „доловат“ во една верзија од себе бидејќи постојано се менуваат.
Проблемот е што нивните најблиски често ги сфаќаат овие ветувања посериозно отколку тие. Кога недостасува исполнетост, Близнаците се познати по тоа што велат дека „сè се сменило“ или дека „заборавиле“ – и навистина веруваат дека тоа не е голема работа.
За нив ветувањата не се цврсти одлуки, туку насоки. Ако не се врзани со одговорност или емоции, лесно ќе остават ветување без многу каење.
Стрелец
Стрелците се оптимисти, големи сонувачи и љубители на слободата – што често значи дека ветуваат од ентузијазам, но без вистинска намера да ги исполнат на долг рок. Во моментот кога ќе ветат нешто, тие целосно веруваат дека ќе го сторат тоа.
Но, штом се чини дека тоа ги ограничува или попречува, тие губат интерес и бараат излез. Нивната природна потреба да бидат слободни е поважна од чувството на обврска.
Ова може да ги направи несигурни, особено во односите каде што се очекува континуитет, посветеност или точност.
Стрелците ретко ги прекршуваат ветувањата од лоши намери – едноставно им е тешко да останат фокусирани на една работа. И додека тие често се забавни, шармантни и искрени во своите емоции, нивната непредвидливост може да ги разочара другите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Жешкиот“ фустан на познатата пејачка го помати умот на многумина: никогаш не изгледала подобро

Познатата пејачка Бијонсе предизвика вистински бум кога се појави во продавница во Калифорнија, но во гламурозна облека.
Во минатото често се зборуваше дека нејзината ќерка изгледа многу постаро, иако има 13 години и поради тоа беше мета на коментари, но сега Бијонсе го украде целото внимание.
Пејачката присуствуваше на настан одржан во трговски центар за да го промовира нејзиниот бренд за нега на коса.
Токму за таа прилика Бијонсе блесна во монохроматска комбинација. Таа избра кремаста јакна-фустан кој не можеше да биде пократок, како што велат луѓето во коментарите. Таа носеше бела кошула и вратоврска одоздола, додека аутфитот го комплетираше со капут во иста боја.
Елегантните салонки беа нејзиниот избор овој пат и тие само го надополнија целокупниот минималистички изглед.
Очилата за сонце се суштински дел од изгледот на холивудските ѕвезди, а Бијонсе воодушеви многумина со овој избор.
Забава
Нина Бадриќ го одложи концертот во Белград: „Невозможно е да се одржи во таква атмосфера“

Нина Бадриќ го одложи својот концерт во Белград, кој беше закажан за сабота, 12.04.2025 година, во белградска арена. Датумот на новиот концерт е 17 мај 2025 година.
Не беше наведена точната причина за откажувањето.
Одлуката за одложување на концертот ја донеле заеднички организаторот и пејачката. Иако не беше наведена конкретна причина за одложувањето, беше потврдено дека концертот ќе се одржи на истото место, белградска арена.
„Одложен концертот на Нина Бадриќ во белградска арена. Поради секому јасни причини, во ваква атмосфера е невозможно да се одржи концерт на високо професионално ниво, се одлучивме за нов датум“, пишува меѓу другото на нејзиниот Инстаграм.
Таа исто така им се заблагодари на сите за разбирањето.
Забава
(Фото) Во секси комбинезон докажа дека е незапирлива: постои само една латино дива

Поминаа неколку месеци од разводот, а судејќи според објавите на социјалните мрежи, Џенифер Лопез се опорави од љубовниот бродолом. Таа е фокусирана на идни проекти, нови улоги во филмови, но и на претстојната музичка турнеја.
Дотогаш латино дивата напорно работи на себе, го подобрува психофизичкото здравје. Покрај тоа, таа е редовно активна на социјалните мрежи каде редовно прикачува фотографии и од деловниот и од приватниот живот.
Таа неодамна објави атрактивна фотографија во црн комбинезон кој ја истакна нејзината завидна фигура и гради. Забележлива беше и минималната количина на шминка, како и описот на фотографијата која воодушеви многумина.
Имено, Лопез изрази благодарност за многуте работи кои ги има во животот, вклучувајќи ги и блиските пријатели и малите, но значајни моменти кои ги споделува со нив.
Исто така, таа е горда на себе и на работите што ги научила досега.
Корисниците на Инстаграм веднаш искоментираа во коментарите под фотографијата, порачувајќи и дека во последно време блеска.
„Те сакаме убавице“, „Убава си, едвај чекам да те видам летово“, „Жено, сјаеш“, беа само дел од коментарите…