„Мерцедес-Бенц“ (Mercedes – Benz Group AG) размислува да ги повлече своите најевтини модели од САД затоа што царините за автомобили на претседателот Доналд Трамп веројатно ќе ја направат нивната продажба економски неисплатлива, пишува „Блумберг“ повикувајќи се на добро информирани извори.
Германскиот производител на автомобили размислува за намалување или стопирање на продажбата на повеќе т.н. модели на почетно ниво, како што е малиот спортски теренец ГЛА, како дел од пошироките планови за итна состојба во врска со царините, велат лица што не сакаат да зборуваат јавно. Царините од 25 отсто на Трамп треба да стапат во сила неделава.
„Мерцедес“ не донел конечна одлука и сè уште може да го смени курсот во зависност од тоа како се спроведуваат царините, велат изворите. Недостигот од јасни насоки од Вашингтон ги фрустрира менаџерите и не се сигурни како да одговорат, велат тие. Компанијата има цел да ги максимизира своите продажби во САД, изјави компанискиот портпарол, одбивајќи да коментира понатаму.
Негативните последици од одлуките на Трамп ќе ги почувствуваат компаниите од регионот Адрија кои се дел од европскиот синџир на снабдување за автомобилската индустрија.
Консензус е дека во моментов нема начин да се избегне колапсот на пазарот. Многу трговци се држат настрана од ризикот бидејќи падот е преголем.
01.04.2025
„Мерцедес“ е меѓу производителите што се во голем ризик од трговската војна што се разгорува, која може да ја намали продажбата и да ги наруши синџирите на снабдување. „Астон Мартин“ (Aston Martin Lagonda Global Holdings Plc) и „Ферари“ (Ferrari NV) планираат да ги покачат цените на некои од нивните автомобили во САД, додека, пак, „Фолксваген“ (Volkswagen AG) размислува за проширување на локалното производство, поради третманот на домашен производител во таков случај. Претседателот на „Стелантис“ (Stellantis NV), Џон Елкан, се состана со Трамп во понеделникот, а оваа компанија, под чија капа е и „Крајслер“ (Chrysler), е дел од групата производители на автомобили што прават последен обид да ја разубедат неговата администрација.
Со тоа што ќе го намали присуството во најниските нивоа од премиум пазарот на возила, „Мерцедес“ ќе може да ги избегне царините за своите најмалку профитабилни модели. За моделите како ГЛА - кој започнува од околу 43.000 долари во САД - давачките би можеле да ги претворат и онака веќе минималните маржи во загуби доколку трошокот не се пренесе врз купувачите. Овој потег исто така може да ги поттикне возачите да се одлучат за попрестижните модели. САД остануваат клучен пазар за „Мерцедес“ поради големата побарувачка за попрофитабилните, поголеми модели на теренци.
Акциите на „Мерцедес“ паднаа дури за 1,1 процент во средата, а изминатата година загубија околу една четвртина од вредноста.
Под водство на главниот извршен директор Ола Калениус, „Мерцедес“ настојува да освои поголем дел од премиум пазарот насочувајќи ги ресурсите кон своите најскапи модели, како што е седанот од класата С, додека го намалува производството на компактните модели.
Компанијата ја одложи својата цел да произведува само електрични возила и ги возобнови инвестициите во возила со мотори со внатрешно согорување откако побарувачката за електрични опадна. Во февруари „Мерцедес“ најави пониски профитни маржи поради жестоката конкуренција, промената на расположението на потрошувачите и трговските тензии.
„Мерцедес“ и „Порше“ (Porsche AG) ќе бидат најтешко погодени од новите американски царини и ќе се соочат со потенцијален удар од 3,4 милијарди евра (3,7 милијарди долари), процени минатата недела „Блумберг интелиџенс“.
Трговските потези на Трамп, наменети да ги вратат американските работни места, предизвикаа хаос низ индустријата. Бидејќи клучните детали сè уште недостигаат - особено Анекс 1, официјалната листа на делови и компоненти што подлежат на тарифа од 25 отсто – способноста на компаниите да дејствуваат е сериозно ограничена, рече Ендрју Бергбаум, управен директор во „Аликс партнерс“ (AlixPartners), консултантска компанија што советува неколку светски производители на автомобили.
„Тоа е голема главоболка“, рече Бергбаум. „Незнаењето за тоа што доаѓа прави исклучително тешко да се донесе каква било стратегиска одлука“.
„Е и ППФ Телеком“ постигна договор за купување на 100 отсто од акциите на „Јунајтед Србија Броудбенд“ (United Serbia Broadband - SBB) за 825 милиони евра.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.