Унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар вети дека ќе одмрзне милијарди евра од европските фондови

На големиот митинг во Будимпешта, лидерот на најголемата опозициска партија, Петер Маѓар, вети дека ќе одмрзне милијарди евра од европските фондови доколку неговата партија Тиса победи на парламентарните избори следната година.

Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ во петокот ја намали прогнозата за кредитниот рејтинг на Унгарија од стабилен на негативен. Премиерот Виктор Орбан, кој е на власт од 2010 година, беше критикуван од Европската унија поради прашања поврзани со владеењето на правото. Ова доведе до суспензија на европското финансирање, што негативно се одрази на унгарската економија, која со години беше задушена од високата инфлација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното