Кој беше легендарниот Вал Килмер: За малку ќе запалеше камерман, ја играше улогата на цел живот, а на снимањата сите го нарекуваа „психо“

од Nikola Popovski
45 прегледи

Актерот Вал Килмер, кој боледуваше од рак на грлото од 2014 година, но според неговата ќерка Мерцедес подоцна се опорави, почина на 65-годишна возраст од пневмонија.

Најголемата слава ја стекна со улогите во акционите филмови, како „Топ Ган“ (1986), каде го играше противникот на Том Круз – Ајсмен, „Бетмен засекогаш“ (1995), во кој го толкуваше ликот на Брус Вејн/Бетмен. Исто така, неговиот настап во филмот „Tombstone“ (1993), како доктор Холидеј, се смета за еден од најдобрите во неговата кариера.

Кариерата ја започна во осумдесетите години на минатиот век, а сите тврдат дека е неспорна неговата интерпретација на Џим Морисон во биографската драма „The Doors“ од 1991 година.

Иако беше познат по својот талент и неверојатната моќ на трансформација, тој бил познат и како малку контроверзен и тежок партнер на снимањата, со репутација дека има предизвикувачки односи со продуцентите и колегите.

Режисерот на „Бетмен засекогаш“ Џоел Шумахер за магазинот „Премиер“ изјавил дека Килмер е „психолошки најпореметеното човечко суштество со кое некогаш работел“.

Се шират гласини дека во една прилика за малку ќе запалел со цигара член на снимателската екипа, а поради неговите испади бил толку познат што упатените го нарекувале „Психо Килмер“.

Како што пишува „Холивуд рипортер“, од некогашниот громогласен баритон остана само „сенка“ и неговата голема дарба исчезна.

„Инструмент кој целосно го совладав сега е надвор од моја контрола“, се жалел Килмер во своите мемоари.

Трагичната приказна на холивудскиот актер остави трага во неговата кариера, што можеше да се види по неговото повлекување од црвениот тепих и актерската работа.

Позади себе остави две деца што ги имаше со Џоан Вали – Мерцедес и Џек.

Слични содржини