ОФИЦИЈАЛНО: Хрватски бек од Бунделигата ново засилување на Охрид!

Екипата на Охрид продолжува со засилувањата и најавите за моќен тим во следната сезона. Суперлигашот продолжува да формира сериозен состав за иднина со кој очекува да го нападне шампионскиот трофеј во Суперлигата.

На брегот на Охридското Езеро пристигнува уште еден квалитетен ракометар од најсилната лига на светот. Станува збор за хрватскиот лев бек Анте Иванковиќ, кој од следното лето ќе го носи синиот дрес на четвртиот тим во македонскиот шампионат. Повремениот хрватски репрезентативец доаѓа во Охрид од Штутгарт, каде ја игра својата втора сезона, откако во февруари 2024 година го напушти Целје Пивоварна Лашко, за да се испроба во најдобрата лига во светот. 

Токму во Словенија 24-годишниот Иванковиќ се стекна со целосна афирмација, играјќи две сезони во Лигата на шампионите. Се работи за десен бек и шутер кој се најде на поширокиот список на селекторите Дагур Сигурдсон и Горан Перковац.

Српскиот стручњак Борис Ројевиќ веќе ги обезбеди за својот проект во Охрид десниот бек Предраг Вејин, средниот бек Тилен Штрмљан и пивотменот Николас Лиапис.