Свежината и квалитетот на страната на „нероазурите“!

Финалните битки во Серија А влегоа во завршна фаза, па полуфиналето на Купот на Италија доаѓа во незгоден момент за двете милански екипи. Сепак, се играат два натпревари, па првата може да има минимални калкулации околу стартните состави, но не премногу, со оглед на тоа што ова е познатото „Дерби дела Мадонина“

Расположението пред овој натпревар ќе зависи од исходот на првенствените натпревари викендов, иако искуството ни кажува дека пресметките меѓу Милан и Интер се секогаш доста непредвидливи. Интер има шампионски тим, но не го победи градскиот ривал во последните три натпревари. Згора на тоа, „росонерите“ победија на два од последните три натпревари, вклучувајќи го и оној на почетокот на годината кој го реши италијанскиот Суперкуп, додека во последната пресметка меѓу двата тима, на почетокот на февруари, Интер избегна пораз во третата минута од судиското надополнување.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Милан - Интер

Сепак, „нероаѕурите“ беа многу подобар ривал на последниот меч меѓу двата тима и тоа можеа да го материјализираат во полуфиналето на Купот. Милан викендов има дерби во Неапол, по што следи напорниот меч со Фиорентина во Серија А, додека Интер пред полуфиналето на домашен терен има натпревар со Удинезе, а потоа на гостински терен против Парма. Јасно е дека четата на Симоне Инзаги ќе има повеќе свежина во своите редови.

Сето ова, заедно со објективниот квалитет на Интер, нè наведува да се одлучиме за нерешено во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, иако головите на двете страни (ГГ3+) беа редовна појава во нивните судири во последните години.