26 Април, 2025
0.0434

ЌЕ ОПСТОИ ЛИ КОАЛИЦИЈАТА ВРЕДИ - бројни гласини дека ќе се раздвојат пред локалните избори, Ахмети негира коалиција со Таравари

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 08:19

Добивај вести на Viber

Зачестија написите за разидување во редовите на албанската владина коалиција Вреди. Дел од медиумите во земјава пренесуваат дека има несогласување во првите редови на коалицијата, и дека можни се разидувања. 

За денеска е најавено собрание на крилото на Арбан Таравари од Алијанса за Албанциата во Гостивар. Сепак, случувањата на Собранието ќе бидат зад затворени врати, и нема да бидат присутни медиумите. 

Како што пренесуваат дел од медиумите има разидување меѓу АА на Таравари и коалицијата Вреди на локалните избори. За разлика од другите партии во Вреди АА на Таравари смета дека на изборите партиите треба да излезат со посебни листи за општински советници. Таравари изјави дека ако не излезат заедно со Вреди на локални избори, тогаш сами ќе настапат, со што ја исклучи можноста за коалицирање со ДУИ.

По случувањата во последните две недели, добро упатени избори за ТВ21 велат дека раководствата на Демократското Движење, Движење Беса и Алтернатива оценуваат дека Таравари и АА веќе немаат место во коалицијата.

Според извори на ТВ21, има предлози ВЛЕН да донесе одлука АА да си замине од коалицијата и да му се предложи на премиерот да ја отстрани партијата од Владата. Се очекува сето ова да се потврди во следните 10 дена.

Според извори на ТВ21 во ДУИ, оваа партија преговарала со Таравари за многу теми, меѓу кои и за локалните избори, за кои Таравари истакна дека е заинтересиран за општините Гостивар, Боговиње, Врапчиште, Сарај, но и Струга.

Извори потврдуваат дека се разговарало и за „црвените линии“ во однос на албанскиот јазик. И покрај разговорите, извори од ДУИ велат дека нема конкретен договор.

Од друга страна, во јавноста се шпекулира дека ВЛЕН се обидува да најде и канали за комуникација со АА на Зиадин Села. Не се знае дали има посериозни разговори меѓу структурите на ВЛЕН и партијата на Села. Во текот на наредната недела се очекуваат повеќе информации во оваа насока.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера по средбата со Албанскиот председател Бајрам Бегај Ахмети ги обвини „Вреди“ за деградирање на положбата на Албанците во Македонија на ниво како пред војната во 2001 година. 

- Можам да зборувам од она што го гледам, дека албанското прашање е деградирано и дека албанското мислење во Македонија е дека Албанците се во ситуација како пред 2001 година. Од тоа што го гледам, Албанците изгубија многу важни позиции во државата и нашите сограѓани Македонци не треба да се гордеат што успеаја да ги поразат Албанците институционално, затоа што секој пораз на Албанците предизвикува нови ситуации во државата. Албанците не се потстанари во својата земја, туку живеат во своја земја и сакаат да владеат заедно со своите сограѓани Македонци - изјави Ахмети. 

Потоа нагласи дека нема да дозволи да се поткопаат достигнувањата на Албанците и да се чепне во Охридскиот договор. 

- Оваа земја не е туѓа, таа е наша. И да им пречи на Македонците тоа што Албанците се силни и дека вистинската сила е Демократската унија за интеграција 23 години или подобро кажано четврт век, повторно ќе бидеме силни и нема да дозволиме да се газат достигнувањата, нема да дозволиме да се оцрни Охридскиот договор и нема да дозволиме крвта да биде рамноправна во крвта на маченикот на Албанците во сопствената држава - рече тој.

Потоа додаде дека со Арбен Таравари нема договор и дека проблемите во Вреди се нивна внатрешна работа. 

- Сами одлучуваат за својата иднина, дали сакаат да бидат сервис и слуга на оние што ги газат правата на Албанците. Нека останат таму каде што се. Јас им упатив јавна покана на ВЛЕН да ги напуштат институциите затоа што ние не сме резервна гума, да си одат тие и да ги замениме ние. ДУИ не може да се користи како сервис во рацете на Христијан Мицкоски или во рацете на секој што мисли Албанците да ги претвори во вазал. Ако некој е регрутиран и ако некој е навикнат да биде нечиј вазал, ДУИ не доаѓа од телевизиските екрани како политичка сила, туку произлезе од една војна и отпор за изедначување на Албанците во својата земја - потенцираше Ахмети. 

Можеби ќе ве интересира

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени

Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени

Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата

Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата

(ВИДЕО) Германски пожарникари возеа 3.000 километри за да му донираат противпожарно возило на Кочани

(ВИДЕО) Германски пожарникари возеа 3.000 километри за да му донираат противпожарно возило на Кочани

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети