НОБ- Основа на денешната слобода, државност и идентитет

НОБ не е никаква случајност. Тој беше един континуитет во таа национално-ослободителна борба, но најголемите придобивки на нашата државност во институционална смисла, во културолошка, национална, всушност се темелат на првото заседание на АСНОМ.Тоа значи дека во идејниот концепт одлучивме да ги претставиме сите оние клучни настани да дефинираме или да сублимирам некако, кои што сепак ќе бидат во кохерентно со останатиот дел од постојната поставка, но и ќе не поттикнуваат да размислуваме и за дел од значајните историски настани коишто не се минато, туку ние денес ги живееме и ги практикуваме

Народноослободителната борба (НОБ) претставува значаен историски период кој го обележа патот кон слободата и суверенитетот на Македонија. Во текот на Втората светска војна, македонскиот народ ја презеде својата судбина во свои раце, борејќи се за национално ослободување и социјална правда. Во таа борба не само што се создаде масовен отпор против окупаторските сили, туку се поставија и основите за современата македонска државност преку прогласувањето на АСНОМ.

Денес, наследството на НОБ ни служи како потсетник за силата на единството, солидарноста и посветеноста на вредностите кои ја обликуваа Македонија како независна и суверена држава. Реконципираниот дизајн на делот од постојаната поставка „Македонија во Втората светска војна“ неодамна е промовиран пред публиката во НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Новиот концепт поткрепен со музејски предмети, примарни извори, фотографии, лични фондови… опфаќа неколку тематски целини со кои автентично се портретира клучната етапа на македонскиот народ во создавањето на независна и суверена држава. Автор на проектот е м–р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос во музејот, а проектот е поддржан во годишната програма на Министерството за култура за минатата година. Музејската поставка за овој значаен период има цел не само да ги претстави историските моменти, туку и да го истакне длабокото значење на НОБ за нашето денешно општество и иднина.

м–р Данијела Трајкова Крстиќ

Во експозицијата претставени се Ден на народното востание, 11 октомври 1941, Идеологија, карактеристики, платформа, Оружје и воена опрема, Другите народности во македонските партизански единици, Слободни територии во 1943, Лични и семејни фондови – семејство Циривири, Лични предмети, ордени и медали доделени на генерал Михајло Апостолски, Темели на современата македонска држава – Прво заседание на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ и Традиција што ја негуваме, односно културна меморија за НОАВМ.

– Музејот на македонската борба како специјализиран историски музеј е отворен во 2011 година и оттогаш всушност е отворена и постојната поставка. Таа има за цел да ја илустрира континуираната борба на македонскиот народ за државност, самостојност и независност. Во еден таков поширок контекст, темата Македонија во Втората светска војна отсекогаш била илустрирана во нашата постојана поставка. Меѓутоа, процесот на реконцепција, измени и дополнувања беше резултат на континуираната наша работа, како и на неколку клучни аспекти. Всушност, кога говориме за реконцепцијата, главната идеa беше да се прикаже државноста, која што е резултат сепак на еден од најсветлите периоди во македонската национална историја, бидејќи, слободата, државноста и рамноправноста и денес се највозвишени атрибути на човештвото, а ние ги практикуваме благодарение и на сето она што се случи во НОБ- вели Даниела и додава:

-НОБ не е никаква случајност. Тој беше един континуитет во таа национално-ослободителна борба, но најголемите придобивки на нашата државност во институционална смисла, во културолошка, национална, всушност се темелат на првото заседание на АСНОМ.Тоа значи дека во идејниот концепт одлучивме да ги претставиме сите оние клучни настани да дефинираме или да сублимирам некако, кои што сепак ќе бидат во кохерентно со останатиот дел од постојната поставка, но и ќе не поттикнуваат да размислуваме и за дел од значајните историски настани коишто не се минато, туку ние денес ги живееме и ги практикуваме.

Пoсебен дел од изложбата е посветен на на културната меморија и традицијата која што ја негуваме денес. Настаните од Горно Врановце како клучни во текот на НОБ и секако издавањето на првиот весник Нова Македонија. Фотографии од првиот уредувачки тим, од главниот уредник, исто така од првиот број на печатењето на весникот.

-Зошто е тоа значајно? Бидејќи тоа е еден од најстарите печатени медиуми кои што и денеска, егзистира и кој што и денеска претставува примат. Во тој изложбен дел го претставуваме и прогласувањето на Денот на народното востание, 11-ти октомври ’41-ва како национален празник кој што се чествува и, воспоставен во законска уредба уште од 8-ми септември ’45-тата година. Станува збор за исклучително значаен историски период, на кој што се темели нашата државност. Период кој што има светли моменти и период, кој што секако се рефлексира не само во минатото, туку и во тоа што го живееме денес – вели Даниела.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни