Клубовите бараат итен состанок со Антиќ – за доброто на македонската кошарка

Македонската кошарка тоне во огромна криза што кулминираше со штрајкот на судиите и официјалните лица, поради што викендов не беше одигран ниту еден меч, како во сениорска така и во младинска конкуренција.

Судиската организација не успеа да најде заеднички јазик со водечките луѓе на КФСМ, но клубовите инсистираат на што побрзо решавање на проблемот, бидејќи од ваквата ситуација губат сите, а најмногу кошарката.

ЕКИПА дознава дека за утре во 12 часот е закажан состанок на кој се очекува да присуствуваат водечките луѓе на федерацијата, претставници на клубовите и на здруженијата при КФСМ, со една единствена цел – да се најде решение за проблемот – за доброто на македонската кошарка. Иницијатор на состанокот е Здружението на второлигаши и неговиот претседател Благоја Кечовски и неговиот претседател, Благоја Кечовски (прв човек на КК Ангели), кој согласно членот 27 од Статутот испратил и официјално барање за состанок.

Останува да се види реакцијата на водечките луѓе на КФСМ на чело со Перо Антиќ, уште повеќе ако се знае дека утре истекува последниот рок од иницијативата на клубовите за свикување на Вонредно Собрание. Доколку Антиќ не закаже Собрание, иницијаторите согласно Статутот ќе можат самите да го сторат тоа, со единствена точка на дневниот ред – смена на претседателот.

Се вчитува...