ВИДЕО: Холштајн Кил ги здроби „милионерите“ и ги турна на деветтото место во Бундеслигата

Екипата на Борусија Дортмунд доживеа нов пораз во Бундеслигата, овој пат на гостувањето кај Холштајн Кил со конечни 4-2 (3-0) во натпреварот кој се играше во рамки на седумнаесеттото коло. 

  • Холштајн Кил - Борусија Дортмунд 4-2: 

Ужасен беше почетокот за „милионерите“, затоа што домаќинот водеше со убедливи 3-0 по првите 45 минути, а стрелци на головите беа Мачино, Харес и Бернардсон. Дортмунд заигра многу подобро во вториот дел и со сите сили се обиде да се врати во мечот, но успеа да постигне два гола, недоволно за сензационален „кам-бек“ и барем еден освоен бод. 

Гостите се вратија во игра со погодоците на Џовани Реина и Џејми Гитенс, но Кил имаше солидна залиха и не дозволи да си ја загрози предноста, a на крајот успеа и да ја врати двојната предност преку Јан Фит Арп, кој ги постави конечните 4-2 во 98. минута од натпреварот. 

За домашниот тим ова е само трет сезонски триумф, додека Дортмунд го впиша шестиот пораз и падна на деветтата позиција на табелата. Во следното коло „милионерите“ ќе гостуваат кај Ајнтрахт Франкфурт, додека Холштајн Кил на домашен терен ќе го пречека тимот на Хофенхајм

Состави

Marcel Rapp

3-4-2-1

    Нико Ковач

    4-2-3-1