(Видео) Се излеа Маркова река, поплавени дворови во Батинци, има штета, но нема потреба од евакуација

Од
Објавено на

По обилните врнежи од дожд во изминатите денови, денеска се излеа Маркова река, а поплавени се дел од улиците и куќите во селото Батинци.
„Во село Батинци има повеќе вода. Има изливи на неколку места од речното корито, има ангажирани машини за санација на состојбата. Не знаеме дали ќе продолжи уште, но има прекин на дождот. Куќите кои се близу до Маркова река, имаат вода во дворовите. Има материјални штети, но нема потреба од евакуација“, вели Азем Садики, градоначалник на Студеничани.
Засега, нема проблеми во другите општини по дождовите кои го зафатија Скопје попладнево.
