Специјалната олимпијада на Северна Македонија како водечка спортска организација во државата која се грижи за спортот за лицата со интелектуална попреченост и оваа година ќе биде дел од 24-то издание на Европската фудбалска недела ( #EFW2024). Годишна иницијатива во рамките на Специјална олимпијада Европа-Евроазија (SOEE) со возбудливи фудбалски активности што се одржуваат низ целиот континент. Европската недела на фудбалот ја покренува европската, фудбалска заедница на сите нивоа, со што и оваа година нема да биде поинаква. Во рамките на 24-то издание ќе бидат инволвирани над 35.000 спортисти во 350 настани, во 45 земји, помеѓу кои и нашата.
Настанот е под мотото “Прославување на убавината на фудбалската игра за СИТЕ!”
Специјална олимпијада на Северна Македонија ќе организира национален настан во 3х 3 фудбал со натпревари и активности за сите атлети кои ќе бидат дел од оваа инклузивна спортска инцијатива.
Настанот ќе се оджи на 08.06.2024 година во Градскиот парк во Скопје (кај
школката) од 10 до 13часот.
АГЕНДА за настанот
09:30 – 10:00 Прием на атлетите и гостите и појадок
10:00 – 10:15 Отворање на Европската фудбалска недела со обраќање на :
➢ Претседателка на Специјална олимпијада на Северна Македонија, г-ѓа
Моника Бошкоска;
➢ Ѓорги Сурловски, атлет на Специјална олимпијада на Северна Македонија
➢ Претставник од Фудбалската Федерација на Македонија
10:30 – 12:30 3×3 Фудбалски активности – Тренинг полигони и натпревари (со практична примена на Јунифајд концептот меѓу партнерите и атлетите на СОМ);
Полигони и мал фудбал за атлетите од инкузивната програма “Млади атлети”.
12:30 – 13:00 Доделување на признанија и награди
13:00 – 13:30 Ручек и дружење на сите учесници
-И оваа година како и претходните Специјалната олимпијада на РСМ ќе го подржува настанот на Европската недела на фудбалот со учество на наши атлети, во мешан состав заедно со претставници од NLB банка и на тој начин ќе ја означиме Европска недела, која се обележува во 45 земји. Сакам да упатам голема благодарност до компанијата Телеком и до тимот на Специјална олимпијада за поддршката и организацијата на овој настан. Се надевам дека традицијата ќе продолжи и на овој начин ќе успееме инклузивноста на нашата држава да ја подигнеме на повисоко ниво.- Вели Моника Бошковска- претседателка на Специјалната олимпијада на РСМ.