Панче Стојанов е назначен за шеф на стручниот штаб на Брера откако завчера Тони Атанасов си поднесе оставка од оваа функција по поразот од Вардар. Стојанов беше помошник на Атанасов во овој дел од првенството и заедно го водеа тимот низ предизивиците од овој дел на сезоната.
49 годишниот Панче Стојанов е добро познат на фудбалската јавност во земјава. Беше фудбалер во повеќе мак клубови. Настапуваше за Силекс, Беласица, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички. Стојанов беше и тренер во нашиот клуб на млдинските категории а во 2018 та година го предводеше сениорскиот состав кога за првпат игравме во Првата лига.
Панче Стојанов на клупата на Брера како прв тренер ќе дебитира веќе утре во првиот меч од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија против Вардар во Скопје, по што погледите ќе бидат насочени на завршницата од првенството каде основна цел ќе биде задржување на прволигашкиот статус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА