свет

Во Сан Франциско се одржаа демонстрации со барање за ослободување на палестинскиот активист

- Стотици луѓе се собраа пред зградата на Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) во Сан Франциско во знак на протест, барајќи ослободување на палестинскиот активист Махмуд Халил

Oktaj Omeragikj  | 15.04.2025 - Обновена : 16.04.2025
Во Сан Франциско се одржаа демонстрации со барање за ослободување на палестинскиот активист

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Стотици луѓе се собраа пред зградата на Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) во Сан Франциско во знак на протест, барајќи ослободување на палестинскиот активист Махмуд Халил, известува Анадолу.

Демонстрантите се собраа на просторот пред USCIS давајќи му поддршка на студентот Махмуд Халил од Универзитетот Колумбија, кој беше приведен од ICE (Службата за имиграција и царина на САД) и се соочува со депортација. Оттаму демонстрантите маршираа низ улиците на градот, протестирајќи и поради нападите на Израел врз Палестина.

На протестот демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода за Махмуд“ и „Слобода за Палестина“, а се извикуваа и антиизраелски пароли. За време на протестот полицијата презеде опсежни безбедносни мерки.


- Над 500 студентски визи се поништени во рамките на поширока акција за депортации

Си-ен-ен анализираше судски документи, изјави од адвокати и соопштенија од над 80 универзитети низ САД, потврдувајќи дека годинава на повеќе од 525 студенти, универзитетски професори и истражувачи им биле поништени визите.

Меѓу првите широко познати случаи е оној на Махмуд Халил, кој беше уапсен по учеството во пропалестинските протести на Универзитетот Колумбија.

Адвокатите за имиграција, пак, предупредуваат дека се зголемува бројот на случаи во кои студенти добиваат закани за депортација поради мали прекршоци од пред неколку години или дури и без јасно објаснета причина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.