Неверојатна норвешка машинерија: Од „закован“ стадион во снег за два часа оспособен за Лига Европа!

Норвешки Бодо Глимт и Лацио во моментов го играат првиот меѓусебен натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа.

А, претпладнево натпреварот беше неизвесно дали ќе се игра на стадионот на Бодо Глимт поради огромното снежно невреме кое го зафати градот во Норвешка. Стадионот до 15 часот беше „закован“ во снег…

Но, УЕФА беше категорична дека натпреварот мора да се игра денеска, и домаќините само за два часа овозможија максимални услови за игра. Со помош и на сонцето кое се појави во попладневните часови, но пред се на сопствената машинеријата Бодо Глимт го пречека Лацио на својот стадион.

Се вчитува...