Во текот утрешниот ден се очекува да пристигнат најмалку 40 мигранти од Италија во Албанија, врз основа на договорот меѓу двете земји, но, нема да бидат мигранти фатени на море, кои чекаат одговор на барањето за азил, туку нерегуларни мигранти, кои чекаат депортација, објави Шќиптарја.ал.
Максималниот период на престој во прифатнот центар во Ѓадр ќе биде 18 месеци, наспроти она што стои во договорот меѓу двете, дека ќе бидат сместувани мигранти фатени на море кои во Ѓадр требаше да останат месец дена, период во кој требаше да добијат одговор од италијанските власти на апликацијата за азил.
-Ова е четврти трансфер и владата на Мелони има големи надежи дека нема ризик судиите во Рим да го опструираат новиот проект, како претходните три. Тоа откако на крајот на минатиот месец италијанската влада усвои нова одлука со која се дозволува префрлање на нерегуларните мигранти од центрите за притвор во Италија во прифатните центри во Албанија, наведува Топ чанел.
Оваа одлука, според медиумите, се заснова на правна дупка како во италијанското законодавство, така и во европските регулативи за миграција, што може да дозволи користење на имигрантските центри во Албанија, кои останаа празни.
Повикувајќи се на италијанските медиуми, Шќиптарја, наведуваа дека тамошното МВР направило список на мигранти, но повеќе од сигурно е дека ќе бидат државјани на Тунис, Мароко, Египет, но и албански државјани, кои во Ѓадр, ќе чекаат одлука за депортација.
-Мигрантите ќе патуваат со два брода, првиот брод се очекува да пристигне во 15 часот со 15 мигранти, а вториот околу 19 часот со 25 мигранти во прифатниот центар во пристаништето Шнѓин, каде ќе бидат направени контролни прегледи по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр. Процедурата предвидува конечната депортација да се изврши од италијанска територија, што значи дека по 18 месечен престој во Албанија мигрантите ќе се вратат во Италија за да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат, наведува весникот.
Во меѓувреме, италијанската влада ја чека одлуката на Судот на правдата на ЕУ за декретот за „безбедни земји“.
Албанија и Италија потпишаа договор за прифаќање мигранти на 6 ноември 2023 и беше најавено дека ќе профункционираат во мај минатата година. По неколкуте одложувања, првата група од 16 мигранти пристигна во септември, но беа вратени назад по одлуката на италијански суд. Тоа се случи уште во два наврати, па истите останаа празни.