• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штипјанец без возачка дозвола и со 1,77 промили алкохол во крвта удрил во паркиран автомобил

Штипјанец без возачка дозвола и со 1,77 промили алкохол во крвта удрил во паркиран автомобил

Скопје, 2 април 2025 (МИА) - Штипјанец без возачка дозвола и со 1,77 промили алкохол во крвта синоќа удрил во паркирано возило по што го напуштил местото на настанот. 

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека 40-годишниот Е.А. бил приведен 20-тина минути по полноќ.

- По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден и лишен од слобода, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит, се појаснува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. бд/бак/

Фото: Фејсбук - страница на Министерството за внатрешни работи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан