Сиљановска во Бугарија на средба со Радев - ќе ги посети и повредените од Кочани
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе престојува во работна посета на Бугарија каде што ќе учествува на состанок на шефови на држави и влади на „Акаба процес Балкан III“ во Софија. Посетата се реализира на покана на претседателот на Бугарија, Румен Радев, и кралот на Јордан, Абдула Втори.
-Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите. За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев. Во рамки на престојот во Софија претседателката Сиљановска-Давкова ќе ја посети и болницата „Пирогов“ каде што се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани.