Погба ја отвори душата: Во момент остарев десет години

Суспензијата на Пол Погба поради допинг истече кон средината на март и тој сега е во потрага по нов клуб.

Во меѓувреме, тој даде интервју за француските медиуми кажувај низ што се  поминал.

„Ако останеше суспензијата од четири години, немаше повторно да играм фудбал. Тогаш не сакав јавно да го кажам тоа, но на тоа размислував. Не разбрав зошто ми ја дадоа максималната можна казна. Тоа значеше дека не слушнаа ниту еден збор што го кажав. Се што се случи ме промени. Видов што е вистинскиот живот. Ме разбуди и целосно ме ресетира. Мислам дека во тој момент остарев десет години“, вели Погба.

Се вчитува...