Контакт

Црна хроника

Лажен полицаец со нож нападнал возач на обиколница, се бара притвор

Објавено пред

Дваесетгодишник е осомничен дека завчера на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишникот за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а доставен е и предлог за притвор.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Јавноното обвинителство денеска соопшти дека поради недоразбирање во сообраќајот осомничениот управувајќи автомобил  фолксваген голф дошол во иста линија со возило сеат леон кое го управувал оштетениот. Со автомобилот започнал да навлегува во лентата по која се движел оштетениот, па како да е овластен полициски службеник преку својот прозорец на оштетениот му ја покажал полициската значка, која била во возилото и со која бил задолжен неговиот татко – полициски службеник во СВР Скопје. Оштетениот, мислејќи дека се работи за стоп наредба од овластен полициски службеник, го запрел своето возило и се упатил кон возилото на осомничениот. Тој излегол надвор, почнал да го пцуе оштетениот, па од фармерките извадил нож на расклопување и го отворил сечивото. Со ножот почнал да замавнува кон оштетениот, нанесувајќи му телесни повреди, по што побегнал“, стои во информацијата од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, имајќи ја предвид пред се опасноста тој да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода за да ја избегне кривичната одговорност за делото што му се става на товар.

Црна хроника

Метална шипка паднала врз скопјанец при санација на покрив на зграда: тој ги нападнал колегите

Објавено пред

Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје, Д.Д. (24) од с.Босилово, струмичко и З.Б. (54) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавиле дека, додека извршувале работни задачи  – санација на кров од станбена зграда на подрачјето на Карпош, паднала метална шипка и го повредила Б.Х.(51) од Скопје во пределот на раката.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, потоа Б.Х. физички ги нападнал двајцата, при што употребил метален предмет и му нанел повреди на Д.Д., а им оштетил и алат.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ја заклучувал сопругата, ја тепал и ѝ се заканувал: кривична за тетовец

Објавено пред

Тетовец ја заклучувал сопругата, ја тепал и и се закнувал.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Тетово.

Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, ,,телесна повреда“ и ,,противправно лишување од слобода“.

Од 25.02. до 28.02.2025 пријавениот ја заклучил во семејниот дом неговата сопруга ѝ упатувал закани и физички ја нападнал.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Грчки државјанин со пет евра сакал да поткупи цариник на Табановце

Објавено пред

Од

Грчки државјанин е уапсен на граничниот премин Табановце поради давање поткуп. При контрола на возилото тој во зелениот картон ставил пет евра за граничарот што го прегледувал.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

„Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Америка тврди дека го почитува суверенитетот на Панама во Панамскиот канал

Соединетите Држави го почитуваат суверенитетот на Панама во Панамскиот канал, изјавија панамскиот министер Френк Абрего и американскиот министер Пит Хегсет...

Свет21 минута

Трамп: Кси е еден од најпаметните луѓе во светот, тој точно знае што треба да направи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе паузира некои од своите нови царини на 90 дена и дека дополнително...

Свет28 минути

Макрон: Франција би можела да ја признае Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз може да ја признае палестинската држава во јуни, додавајќи дека за возврат некои...

Свет9 часа

Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден...

Свет12 часа

Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина. „Врз основа...

Свет13 часа

Германија го укинува забрзаното доделување државјанства, го ограничува и бројот на работници од Западен Балкан

Денес формираната владејачк црно-црвена коалиција на конзервативните демохристијани и социјалдемократите на Германија се согласила во коалицискиот договор да го откаже...

Македонија17 часа

(Видео) Кажале дека бараат часовник што го изгубил затвореник додека си играл со кучката Цеца, а барале кокаин и марихуана во топка, кривични за штипски затворски полицајци

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип...

Македонија17 часа

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија

Судот им определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин...

Македонија19 часа

ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...

Македонија21 час

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во...

Македонија21 час

„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од...

Македонија21 час

„Десетици нови дестинации од двата домашни аеродрома и преговори за десетина нови авиолинии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување...

Македонија22 часа

(Видео) Мециновиќ побара да не се носи закон за медиуми без дискусија со медиумите

„Јас барам точката седумнаесет, а тоа е предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за медиумите во прво...

Македонија22 часа

ДУИ: Изјавите на Изет Меџити се шокантни и длабоко вознемирувачки

„Изјавите дадени вчера од Изет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни...

Македонија23 часа

Состојбата на другите четворица пациенти од пожарот во Кочани во „Пирогов“ и понатаму е сериозна, но стабилна, изјави Аргирова

Состојбата на другите четворица пациенти во „Пирогов“ сѐ уште е сериозна, но стабилна. Ова во „Денот почнува“ го изјави раководителот на...

Свет23 часа

„Сам нека си ги одгледува кокошките“: кинеските социјални мрежи преполни со пораки против Трамп

Додека Кина се подготвува за царини од 104 отсто на голем дел од извозот во Америка, на кинеските социјални мрежи...

Свет1 ден

(Видео) Се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, загинаа најмалку 79 лица

Според последните извештаи, најмалку 79 луѓе загинале, а 155 се повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во главниот...

Свет1 ден

Може ли Кина да ги издржи царините на Трамп за увоз од 104 проценти

Утрово стапија на сила рекордните американски царини за кинески увоз, кои ќе достигнат дури 104 отсто за многу производи. Некои...

Свет1 ден

Кандидатот на Трамп за шеф на НАСА: Мисијата на Марс е приоритет

Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на НАСА, Џеред Ајзакмeн, рече дека вселенската агенција ќе даде приоритет на...

Свет1 ден

Во сила нов пакет-тарифи на Трамп, за Кина воведени царини од 104 отсто

Новиот сет на царини на Трамп стапи на сила утрово за приближно 60 земји ширум светот. Од 6 часот наутро...