ВИДЕО: Фернандез го реши лондонското дерби, Челзи се врати во Топ-4

Екипата на Челзи го совлада Тотенхем во лондонското дерби и славеше со минимални 1-0 (0-0) во натпреварот од триесеттото премиерлигашко коло. 

Избраниците на Енцо Мареска беа далеку подобар ривал на теренот и заслужено ги освоија бодовите со кои повторно се искачија на четвртата позиција на табелата. Стрелец на единствениот подогок беше Енцо Фернандез во 50. минута. 

Челзи постигна уште еден гол преку Каиседо, но истиот беше поништен поради осфајд, но и Тотенхем ја затресе мрежата со спектакуларниот удар на Папе Мата Сар, кој направи прекршок во зачетокот на акцијата. 

  • Извештај од натпреварот:

Имаа „сините“ многу повеќе од играта, вкупно шест пати се обидоа во рамките на голот, но сепак славеа со конечни 1-0, доволни за голема радост на „Стемфорд Бриџ“. Во следното коло Челзи ќе гостува кај Брентфорд, а Тотенхем на домашен терен ќе го пречека Саутемптон