Економија

СВЕТОТ Е ПРЕД „ЕКОНОМСКА НУКЛЕАРНА КРИЗА“, ПОТРЕБНА Е ПАУЗА ОД 90 ДЕНА ЗА ЦАРИНИТЕ, предупреди Бил Акман силен поддржувач на Доналд Трамп

07.04.2025

Tарифите на Трамп може да го доведат светот во „економска нуклеарна зима“, предупредува менаџерот на хеџ фондот Бил Акман, кој повика на 90-дневна пауза на царините. Акман, кој е еден од најистакнатите поддржувачи на Трамп, во својата објава на  социјалните мрежи, напиша дека претседателот ја губи довербата на деловните лидери. Според Форбс, имотот на Акман е во вредност од 9,1 милијарди долари.

„Земјата е 100% зад претседателот во воспоставувањето на глобален тарифен систем кој ја стави земјата во неповолна положба. Но, бизнисот е игра на доверба. Претседателот Доналд Трамп го издигна прашањето за тарифите на најважното геополитичко прашање во светот и го привлече вниманието на сите.

И да, другите нации ја искористија предноста на САД со заштита на нивните домашни индустрии на сметка на милиони наши работни места и економски раст во нашата земја.Но, со наметнување масивни и непропорционални тарифи на нашите пријатели и на нашите непријатели, и со водење глобална економска војна против целиот свет, ние сме во процес на уништување на довербата во нашата земја како трговски партнер, како место за водење бизнис и како пазар за капитални инвестиции“, напиша Акман, пренесува Н1.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано