Готово е: Манчестер Сити на лето се разделува и со Вокер

Англискиот фудбалер Кајл Вокер, нема повеќе да се враќа во Манчестер Сити. Клубот од Манчестер одлучил дека на крајот на сезоната ќе се раздели со фудбалерот, и покрај тоа што има договор со Граѓаните до јуни 2026 година.

Вокер во моментов настапува за Милан како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа „росонерите“ може да го откупат. Ако тоа не се случи, тој сигурно нема да се врати во Манчестер и нема да го носи повеќе „синиот“ дрес.

Вокер во минатото беше дел од Тотенхем, Астон Вила, КПР, Шефилд Јунајтед и Нортемптон. за нглиската репрезентација има одиграно 95 меча и постигнато еден гол.

Пред неколку дена стигна информацијата дека Манчестер Сити на крајот на сезоната ќе се раздели и со Кевин де Брујне.

Се вчитува...