ВИДЕО: Ефектен гол на Демири, стрела директно од слободен удар против Гостивар

Една од дерби пресметките на 27. коло во ПМФЛ се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде што Гостивар го дочека Шкупи. 

Гостинската екипа прва стигна до предност во натпреварот уште во петтата минута. Стрелец на погодокот беше бекот Демир Имери кој директно од слободен удар погоди во мрежата на гостиварци. 

Сепак, радоста на чаирчани траеше кратко бидејќи Глишиќ набргу стрела за израмнување (1-1), резултат кој беше активен на полувремето.