Фудбал
Уште еднаш покажа за каква величина од човек се работи, Нголо Канте донирал 5 милиони долари за болница за деца

Францускиот фудбалер Н’Голо Канте (33) изградил најсовремена медицинска установа во Мали вредна пет милиони долари за деца и здравствена заштита на сиромашните семејства. Искусниот играч за врска, познат по својата скромност и воздржаност, пред неколку недели беше во градот Бамако, Мали и по тој повод донираше пет милиони долари за овој проект, со што уште еднаш ја покажа својата посветеност на хуманитарните активности.
За време на неговата посета на неговата земја на потекло, Канте помина време со членовите на семејството и исто така им оддаде почит на својот покоен татко и сестра. Н’Голо е роден во Париз од родители мигранти од Мали. Неговиот татко починал кратко откако Канте наполнил 11 години, а неговата постара сестра Нијама починала од срцев удар пред Светското првенство во 2018 година.