Радио Милева блеска

Мини фустан и витко тело: Помалата ќерка на Чола е вистинска „бомба“ (фото)

Мини фустан и витко тело: Помалата ќерка на Чола е вистинска „бомба“ (фото)

Естрадниот менаџер Велибор Поповиќ организираше гала прослава за 19-тиот роденден на неговиот син Андрија.

Во еден познат ресторан во Белград се собраа бројни јавни личности и  големите музички ѕвезди.

Меѓу првите што пристигна беше еден од најубавите поп-вокали на денешницата, Здравко Чолиќ, и тоа не сам, туку во добро друштво.

Со него дојде и неговата помала ќерка Лара (18), која со својот изглед ги воодушеви сите присутни.

Додека Чола вечерва се одлучи за класичен темен костум, неговата наследничка блескаше во мини фустан кој го истакна нејзиното витко тело.

Чизмите до колена со високи потпетици го комплетираа целиот стајлинг и му дадоа посебен шмек, но и покрај ефективната комбинација, она што најмногу ја краси младата Лара е нејзината убавина.

Лара не се појавува толку често во јавноста со својот татко, па вечерва блицовите на камерата уште посилно блеснаа кога пристигнаа заедно.

фото: printscreen/instagram

To top