Во драматичното финале на американската колеџ кошарка, Флорида по голем пресврт го совлада Хјустон со 65:63 и со тоа стана нов шампион на NCAA.
Флорида во еден момент заостануваше 12 поени (30:42), но успеа да се врати и да стигне до титулата.
Хјустон ги пропушти своите шанси. Имаа доволно време за победа или барем продолженија, сепак во последниот напад на мечот не успеаја ниту да упатат удар кон кошот на Флорида. Херој на победничкито тим беше Волтер Клејтон Јуниор, кој со одлична одбрана го спречи Емануел Шарп да упати удар.
Ова е трета титула за Флорида во историјата, а прва од 2007 година.
HOUSTON HAS A PROBLEM
FLORIDA WINS THE NATIONAL CHAMPIONSHIP!!!
— Barstool Sports (@barstoolsports) April 8, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА