26 Април, 2025
0.1115

ПАЃАЛЕ КАМЕЊА ОД МОСТОТ НАДВОЗНИК ПРЕД ВИЗБЕГОВО - граѓанин пријавил во ЦУК, штетите се санирани (ФОТО)

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 09:44

Добивај вести на Viber

Санирано е оштетувањето на мостот надвозник пред Визбегово, Скопје, откако граѓани пријавиле до Центарот за управување со кризи на 112. На мостот воедно била пукната и водоводна цевка, но по пријавата на совесни граѓани, штетите се санирани.
На Единствениот телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера доцна попладне (по 17.00 часот), од страна на лице кое со автомобил се движело по Јадранска магистрала во правец кон Блаце од мостот, надвозник, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ што е на влезот на Визбегово, забележал како паѓаат камења. 
Веднаш, од страна на оперативните работници на Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена до општините Бутел и Карпош, а и ЈП „Улици и патишта“ за нивно итно постапување и санирање на надвозникот, а и до МВР, при што полицијата се грижеше за општата безбедност и на сообраќајницата и во околина на изведувањето на работите за санирањето на мостот надвозник - се нагласува во соопштението на ЦУК. 

Додаваат дека во текот на вечерните часови од страна на овластено лице на ЈП „Улици и патишта“ до ЦУК стигнало известување дека е постапено по пријавата. 
- На 112 во ЦУК, исто така, беше пријавено дека на истиот мост, надвозник пред Визбегово, има пукната водоводна цевка од којашто се слева голема количина вода на коловозот под мостот. Од страна на оперативните работници во РЦУК Скопје пријавата била веднаш доставена до дежурните во ЈП Водовод и Канализација за нивно постапување. Во вечерните часови е добиена во ЦУК информација од јавното претпријатие дека дефектот бил саниран (во 20.30 часот). Инаку, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во повеќе наврати посочи и во јавноста и на институциите, а и службите преку службено административно информирање како и преку координативни средби за небезбедноста на мостот, надвозник, пред Визбегово, при што беа изведени привремени решенија за да се зголеми безбедноста на граѓаните на и под мостот - укажуваат од ЦУК. 


Фото: ЦУК

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони

ПО ПУКАЊЕТО НА БИТ ПАЗАР: Почина 31-годишен скопјанец кој се здоби со повреди

ПО ПУКАЊЕТО НА БИТ ПАЗАР: Почина 31-годишен скопјанец кој се здоби со повреди

ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор

ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа

ПУКАЊЕ НА БИТ ПАЗАР: Едно лице е повредено

ПУКАЊЕ НА БИТ ПАЗАР: Едно лице е повредено

СЕРИОЗНА СООБРАЌАЈКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - се судрија две возила, има и полесно повредени

СЕРИОЗНА СООБРАЌАЈКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - се судрија две возила, има и полесно повредени

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај