17.8 C
Скопје
14/04/2025 14:16
МАКТЕЛ

    

Мерсел Биљали: НОВА ЈАЛТА?!

      

Минхенската конференција помина како онаа поучна арапска приказна кога двајца уморни и жедни луѓе се среќаваат во пустината и почнуваат да се тепаат меѓу себе за тоа како тоа на другиот да му снема вода! Во шокантниот говор на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет дека „нема враќање на границите од 2014 година“ и дека „членството на Украина во НАТО е нереално“ – цел свет се потресе. Нечесноста повторно почна да се продава како нешто ептен нормално. Уште еден доказ дека правдата излегува на површина откако ќе се удави! Дополнително зло што „решението ќе биде поддржано од меѓународни трупи, ама не од НАТО!“ Сега веќе никој во Европа не е сигурен дека Путин ќе застане на границите на Украина. Тоа е многу опасен преседан во меѓународните односи, оти ќе дополнително го зацврсти законот на најсилниот. Впрочем, тоа би било покана до сите светски диктатори да ги нападнат своите соседи, и тоа ќе биде сосема неказнето. „Нема членство во НАТО, нема војници на теренот? Звучи како напуштање на Украина“, објави поранешниот литвански министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис на „X“, реагирајќи на коментарите на новиот американски министер за одбрана Пит Хегсет пред почетокот на Минхенската конференција. Членките на НАТО постојано тврдеа дека Украина треба да стане членка на Алијансата во иднина. Дури пред некое време премиерот на Велика Британија Кир Стармер му рече на Зеленски дека земјата е на „неповратен пат“ кон членство. Но, најголемите тешкотии ги наоѓаме таму каде што не ги бараме. Конечно, Трамп не само што е решен да ја натера Европа да преземе најголем дел од финансиските и воените одговорности за одбраната на Украина, вклучително и можните мировни сили во кои нема да бидат вклучени американски војници, туку тој е спремен да го поткопа и членот 5 од НАТО договорот за „заеднички одговор против агресорот“. Така што членките на Алијансата ако бидат нападнати, наместо колективна одбрана, ќе можат да добијат само „помош“ од другите членки. Британскиот министер за одбрана Џон Хили, очигледно депримиран од американците изјави – „Го слушнавме неговиот повик до европските нации самите да се засилат. Ние сме и ќе бидеме“!

Шокирана од ставовите на САД, поренашната министерка за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, изјави дека – „Путин со дипломатија освои се што не можеше да освои на бојното поле!“ Канада која важи за релевантна членка на НАТО изнесе став дека без согласност на Украина не може да има договор со Русија. Тоа во Минхенската конференција посветено на безбедноста го потврдија бројни европски и светски лидери. Но, познато е дека во политиката, силата секогаш ја погребува правдата. Главниот адут на Трамп е „логиката“ да се смириме со Русија за да се посветиме со сите сили на „битката“ против Кина, која на САД и е најголем противник (ако не и непријател). Сегашната политика на Трамп само во нијанси се разликува од претседателите на САД од почетоците на 19 век, Томас Џеферсон и Џејмс Монро, кои поаѓале од тоа дека САД треба да ги гледа само своите интереси, а за другите ич не треба да им е гајле. Тогаш тие дури не се грижеле ниту за нивниот природен сојузник Велика Британија! Оттука, вопшто не треба да се чудиме ако Американците ги повлекуваат нивните војници од Европа. Некои тоа го нарекуваат крај на НАТО! Но тоа е тоа. Европа веќе се чувствувата напуштено, а тоа е ужасно чувство. Трамп, после два века светот го враќа на тие состојби, кога тогашните европски сили цртале карти за помалите, кои потоа насилно ги спроведувале. Сега за да го правите тоа треба да го прегазите сопствениот правен поредок оти како држава сте потписникна Повелбата на ОН и на илјадници други меѓународни договори (кои се дел о внатрешниот правен поредок). За да го правите тоа што сакате, треба да се повлечете од членство на ОН. Треба институционално да се повлечете од Повелбата на ОН и од стотина други акти, што ниту во сон не е можно. Но, практиката на теренот се движи во спротивна насока од таквиот императивен правен поредок.

   

Меѓународната политика на хаосот ни тропа на врата. Сега никој не ќе може да го спречи Израел за околните територии. Никој не и може ништо на Турција за севрна Сирија, на Кина за Тајван, на Индија за дел од Тибет и Кашмир, на Пакистан за дел од Кашмир, за проблемите околу Судан, Нигерија, Конго итн. Која ќе ја спречи Русија за Приднестовие?! Така е кога среќата се бара таму каде што други ја изгубиле. Хрватскиот премиер Пљенковиќ со право вели „Ова е опасен преседан, во уништување на темелите на меѓународното право за заштита на територијалниот интегритет“. Во меѓувреме се дозна дека официјални лица на САД и на Русија ќе се сретнат во Саудиска Арабија во наредните денови за да започнат разговори со цел „да се стави крај на речиси тригодишната војна во Украина“. Украинскиот претседател Зеленски воопшто не е запознаен за средбата, а нема добиено ниту покана за Саудиска Арабија! Од американска страна таму ќе бидат државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и пратеникот на Белата куќа за Блискиот Исток Стив Виткоф. Не е познато кој ќе биде од руска страна. Украина е оставена во кал! Конечно, ЕУ треба да се соочи со својата грешка. Воопшто не е добро за важни работи да се одлучува со помош на некаква неформална „европска локомотива“, каква што долги години била Ангела Меркел, туку потребно е да се градат заеднички функционални институции за тој домен. Познато е дека Меркел поради рускиот гас и нафта ѝ прогледуваше низ прсти на Русија, првин за Јужна Осетија, потоа за Абхазија и на крајот за Крим. Кога мечката заигра пред самиот комшиски двор, веќа стана доцна. Такво молчење доведе до војна во срцето на Европа, која ЕУ може да го доведе до целосен колапс.

Оттука, делумно е во право потпретседателот на САД Џејмс Венс кога вели дека ЕУ културолошки е променета. Замислете, токму едни држави што најмногу страдале од некогашниот Советски сојуз, сега станале поддржувачи на Путин, од потреба за што подолго недемократско владеење. Тоа го праваат на штета на важни интереси на ЕУ кај што и самите членуваат. Најнов од нив е премиерот на Чешка република Роберт Фицо, а унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе 15 години бескрупулозно го прави тоа, а ЕУ нема механизми тоа да го спречи. Интересно што и бројни радикални десничарски партии од западна Европа сега се големи обожаватели на начинот како владее Путин. И тука Џејмс Ванс е во право, ама заборава дека и Америка културолошки е многу сменета со самиот факт што станува природен сојузник на Путин. A познато е дека пеколот е најголема награда за оние кои го поддржуваат ѓаволот. Некои луѓе ова го гледаат како еден вид „нова Јалта“ што била одржана во 1945 година во палатата „Ливадија“ на Крим, кога се сретнаа „тројцата великани“ (Рузвелт, Черчил и Сталин). Таму се расправаа за границите, за зоните на влијание, за казнувањето, но без присуство на други државници! Францускиот лидер Шарл де Гол бил најмногу огорчен бидејќи не бил поканет ниту во Потсдам! Тоа остави длабоки последици во односите меѓу САД и Франција (која потоа долго време не сакаше да биде во НАТО). Познато е дека капка отров може да отруе цело море. И сега францускиот претседател Емануел Макрон пак предупреди дека секој мировен договор што вклучува капитулација пред Русија ќе заврши „лошо за сите“. Новиот Трамп можеби посакува „нова Јалта“, ама и тоа е сега многу покомплицирано. Вистинската Јалта е оддржана после педесетина милиони жртви и големи рзорања по светот, и под таа импресија тие успееја да воспоставуваат силен и функционален светски поредок. Сега тоа веќе е минато. ООН со сите нејзини специјализирани меѓународни организации веќе е нефункционална. Тоа наликува на голем шлепер без волан, без сопирачки и без шофер. И покрај идеолошките поделби, големата тројка – Сталин, Рузвелт и Черчил – успеаја да постигнат клучни договори кои, барем за одредено време, ја одредија судбината на повоениот свет. Сега тоа не е можно без една поширока војна, која лесно може да прерасне во глобална и нуклеарна војна. Изгледа е дојдено времето кога не мораме да го посетиме пеколот за да најдеме страшни луѓе! Мерсел Биљали

  

Најново

ЗМЕП Трајков: Жените Ромки заслужуваат повеќе!

Sase Ivanovski

Општина Карпош: СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ ДОБИВААТ ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: За викендот 2324 сообраќајни прекршоци, дури 1132 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Предлог Законот за јавното обвинителство е објавен на ЕНЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и Заев се тендер тандем, нив не ги интересира народот, туку провизиите за висококатници во Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трипуновски: Преку Јавниот повик за Мерката 112 ги вклучуваме младите во секторот земјоделство

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука: Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода пет лица на територија на СВР Куманово, четворица возеле пребрзо во населено место, еден под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

Sase Ivanovski

Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста е настан кој ќе се случи на Улица Македонија на 15 Април со почеток од 17 часот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: 247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење

Sase Ivanovski

Детектор анкета: Граѓаните очекуваат дека со помош на Трамп војната во Украина ќе заврши во следните неколку месеци

Sase Ivanovski

Џиновска црна дупка се буди, ЕСА и НАСА забележале изблици на Х-зраци од јадрото на далечна галаксија

Sase Ivanovski

Трамп ги иззема паметните телефони и компјутерите од новите високи царински тарифи

Sase Ivanovski

АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден, издадени се 22 решенија со наредби за отстранување

Sase Ivanovski

Вучиќ изнесе пет барања на вчерашното обраќање „Oбоената револуција е завршена

Sase Ivanovski

Говор на Урсула фон дер Лајен, изваден од контекст за да се шири антисемитизам

Sase Ivanovski

Репрогласувањето на НП „Маврово“ во застој, директорот вели треба да се води грижа и за луѓето, не само за природата

Sase Ivanovski

Повеќе од дваесет лица загинаа во руски ракетен напад врз украинскиот град Суми

Sase Ivanovski

Коцевски: ДЗС ниту еднаш низ годините не спровеле инспекциски мерки на објектот „Пулс“ и на останати клубови

Sase Ivanovski

Фотографијата од гробот на „украински војник“ е неверодостојна

Sase Ivanovski

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

Sase Ivanovski

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче ги лажеше граѓаните за нов Клинички центар, само за да може да го краде народот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциски контроли на угостителски објекти во Битола, затекнати 20 малолетници, следуваат соодветни пријави

Sase Ivanovski

МВР поднесе кривична пријава за 19 лица за тешки дела против општата сигурност

Sase Ivanovski

Тинејџер од Висконсин наводно си ги убил родителите во екстремистички заговор за атентат врз Трамп, соопшти ФБИ

Sase Ivanovski

„Казнените“ царини на Трамп за Кина би можеле да стават крај на трговијата меѓу двете најголеми економии во светот – а тоа би било болно, нестабилно и опасно

Sase Ivanovski

Спречен обид да се пласираат небезбедни јајца, бои за јајца во пресрет на Велигден

Sase Ivanovski

ДУИ: Ги осудуваме обидите за меѓуетнички тензии како параван за неспособноста на Мицкоски

Sase Ivanovski

Хаос на улиците во Атина: Голем судир меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

Sase Ivanovski

Касами: Без Таравари ВЛЕН тежи исто колку и со него, ако се оддели од групата ќе го изеде волкот,

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер утрово го погоди Таџикистан

Sase Ivanovski

Муцунски од Анталија: Неопходно е деескалирање на билатералните блокади

Sase Ivanovski

Израел ја погоди болницата во Газа со проектили

Sase Ivanovski

Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк: Се бара забрана за туристички летови

Sase Ivanovski

ЦУК: Се трага по исчезнато повозрасно лице од Степанци, штипско

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русите го гранатираа центарот на Суми, има многу жртви

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Коцевски: Актуелниот министер за економија не е опфатен во истрагата бидејќи нема докази

Sase Ivanovski

Скопјанка тепала дете со метална шипка оти ја удрило со топка додека играло фудбал

Sase Ivanovski

Околу 3000 учеснички на 13. „Авицена женска трка“, најбрза Теа Божиновска

Sase Ivanovski

Затворен ресторан во Свети Николе: Објектот бил дивоградба, имал непријавени вработени, немал ПП апарати…

Sase Ivanovski

АА: Дури и трагедиите се злоупотребуваат за да се удира врз Албанците, ова е неправда дури и кон жртвите од Кочани

Sase Ivanovski

Притвор за четворица, куќен притвор за седуммина новоосомничени за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Мицкоски во посета на Обединетите Арапски Емирати

Sase Ivanovski

Владата објави оглас за млади земјоделци: Ќе доделува грантови од 10.000 евра

Sase Ivanovski

Денеска седници на седум собраниски комисии

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со повремен дожд

Sase Ivanovski

За да го забави кинескиот технолошки напредок, Трамп треба да ги задржи своите фабрики зависни од евтин извоз преку ниски царини

Sase Ivanovski

„СЛЕДНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА ЌЕ БИДЕ ЗА ЕДЕН ПЕНЗИОНЕР!“: И Ванковска се огласи за потрошувачката кошничка

Sase Ivanovski

Акционерите на Комерцијална банка на слатки маки! НА ШТО ПОДЕЛИЈА 80 МИЛИОНИ ЕВРА?

Sase Ivanovski

„НЕКА ВИ ДАДЕ ДРЖАВЈАНСТВА И ИЧ ДА НЕ СЕ ВРАТИТЕ!“: Мухамеди за Македонците што заминаа вчера во Србија за поддршка на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп и помага на Управата за социјално осигурување да направи список од 6.000 живи имигранти како мртви

Sase Ivanovski

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

Sase Ivanovski

ЕВЕ ГИ ПЕНЗИИТЕ НА ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА САД: Овој поранешен претседател добива 35 милиони долари!

Sase Ivanovski

СЕ ПОВЕЌЕ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ ВО ДУБАИ: Еве зошто Србите повеќе купуваат таму отколку дома

Sase Ivanovski

ФИРМИТЕ СЕ „ОПАРИЈА“ СО УНГАРСКИОТ ЗАЕМ – пристигна и втората транша, досега кон Развојната банка се префрлени 84,4 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шаровиќ: На техничарот му скршија 3 заба, тројца сме со модрици а никој не е уапсен

Sase Ivanovski

Најмалку 34 загинати во масакрот во Суми на Цветници, меѓу кои 2 деца – 117 лица се повредени

Sase Ivanovski

Коцкање со судбината?!

Sase Ivanovski

ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРОНАЈДЕ ДЕВОЈЧЕТО ОД КАДИНО КОЕ ИСЧЕЗНА Отишла во Илинден кај нејзин познаник

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОЖЕН ПРИТВОР ЗА 39-ГОДИШНИК КОЈ ГИ ИСТЕПАЛ РОДИТЕЛИТЕ Го удирал татка си со шлаканици, ја влечел мајка си по подот

Sase Ivanovski

САД СЕ ЗАКАНИЈА СО НАПАД ВРЗ ИРАН Преговорите висат на конец, Техеран бара посредник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РАКЕТИ ИСТРЕЛАНИ ОД ЈЕМЕН ПРЕДИЗВИКАА ПАНИКА НИЗ ИЗРАЕЛ Се огласија сирените за воздушен напад

Sase Ivanovski

ПРАТЕНИКОТ МАКЕДОНЕЦ ВО АЛБАНИЈА СЕ КАНДИДИРА ЗА НОВ МАНДАТ Стерјовски на митинг со Социјалистичката партија во Тирана

Sase Ivanovski

KOД 2025 – Храбрата новинарка Дафне и кратењето на американската помош

Sase Ivanovski

Муцунски на средба со комесарката за проширување на Европската унија – Марта Кос.

Sase Ivanovski

Нов правилник на Карпош за поквалитетни градби: Без гаража во договорот нема стан, 3 години гаранција за кров

Sase Ivanovski

Уапсен осомничениот за подметнување пожар кој го принуди гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро и семејството да избегаат од дома

Sase Ivanovski

Полицијата го пронајде девојчето кое денеска се оддалечило од дома

Sase Ivanovski

Угина и јагуарката Инес во Зоолошката градина

Sase Ivanovski

Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници

Sase Ivanovski

Кичево се гуши во смрдеа – граѓаните на протест против дивата депонија што им „никна“ среде град

Sase Ivanovski

„О2“ бара одземање на дозволата на Тораница за хаваријата со цијанид во Крива Река

Sase Ivanovski

Казнети 247 возачи денеска во Скопје, еден лишен од слобода поради безобѕирно возење

Sase Ivanovski

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Sase Ivanovski

Шолц го осуди „варварскиот“ руски напад врз центарот на украинскиот град Суми

Sase Ivanovski

Следната фаза на Вучиќ – масовни апсења

Sase Ivanovski

И Вреди се приклучи кон притисоците врз Обвинителството – го обвини ДУИ дека наводно го „инсталирале“ државниот обвинител Љупчо Коцевски

Sase Ivanovski

Тековниот министер за економија не е осомничен за пожарот во „Пулс“, зашто газдата Дејан Јованов-Деко во негово време не барал лиценца

Sase Ivanovski
Вчитувам....