Редовен годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации денеска ќе се одржува во Собранието на Република Северна Македонија.

Како што е најавено, предвидени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Од Делегацијата на Собранието во ПС НАТО учество ќе земат шефот на Делегацијата Драган Ковачки и заменик-шефот на Делегацијата Антонијо Милошоски.

Парламентарното собрание на НАТО (ПС на НАТО) е мултилатерална организација која воспоставува суштинска врска меѓу НАТО и Парламентите на НАТО нациите, обезбедува поширока транспарентност на политиките на НАТО и придонесува да се зајакнат трансатлантските вредности на Алијансата.

ПС на НАТО брои 281 делегат од 32 земји членки на НАТО, како и делегати од асоцијативни земји членки, регионални партнери и од медитеранските асоцијативни земји членки, како и парламентарни набљудувачи од други земји и  парламентарни собранија и делегација од ЕП.

Слични содржини