ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.03.2025
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција
Автор: Goce Author

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи граѓани пријавиле кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици, објаснуваат од МВР. Измамниците, како што објаснуваат, ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Од Министерството соопштија дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и апелираа до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Без филозофија ризикуваме да создадеме генерација без аналитичко расудување
Д-р. Јовева: “На прагот сме на нова ера во третманот на Паркинсонова болест”