Протест во Кичево

Југозападот продолжува да се гуши во смет од депониите. Овојпат кичевчани се револтирани и реагираат поради дивата депонија која многу често гори,воздухот е загаден а со години никој не презема ништо.

Наместо решение проблемот се повеќе се продлабочува. Стравуваат за своето и здравјето на децата особено оние кои живеат близу депонијата. Со цел да допрат до градоначалникот кичевчани одржаа мирен протест пред општинската зграда.

Кичевчани велат ќе протестираат се до решавање на проблемот.Следниот протест е најавен за после две недели.