„Главниот проблем беше инфекцијата“: Таравари со детали за Карадаковски кој почина во Литванија

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 11:28
Александар Карадаковски имал изгореници на 40 отсто од неговото тело, а од почетоков на месецов му откажале бубрезите и бил ставен на дијализа. Ова го кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој потврди дека еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани починал.
Таравари укажа дека Карадаковски, кој беше на лекување во Литванија, имал 40 отсто изгореници, а на 1 април му откажале бубрезите.
Министерот појасни дека Карадаковски е меѓу четворицата пациенти кои беа во критична состојба.
- Од 1 април му откажа работата на бубрезите, практично беше ставен на дијализа. За жал, утрово ја добив лошата информација дека тој починал. Да се надеваме дека на другите критични пациенти ќе им се подобри состојбата. Пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја доби поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и ќе ни се вратат во државата - рече Таравари.
Воедно министерот посочи дека има уште тројца пациенти во критична состојба кои се наоѓаат на лекување надвор од државата, а 15 пациенти се интубирани.
- Пациентот кој почина утрово, беше најтешкиот од четирите критични пациенти. Да се надеваме дека на останатите тројца ќе се подобри состојбата, иако може да има флуктуација на здравствената состојба и на потешки пациенти кои се надвор од државата. Меѓутоа, не се повеќе од 15 пациенти интубирани, другите се екстубирани и тоа е добра прогноза. Меѓутоа, да причекаме додека да се вратат сите во државата - рече Таравари.
Министерот соопшти дека денеска се очекува да се вратат во државата уште тројца пациенти кои се лекуваат надвор од државата.
Извори од МНР информираат дека е започната процедурата за враќање на телото на пациентот.
Ова е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март.
Александар Карадаковски, кој бил управител и шанкер во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше на лекување во Литванија.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ПОМЛАДИ И ВИТАЛНИ ПЕНЗИОНЕРКИ ЧУВААТ ПОСТАРИ И НЕМОЌНИ ПЕНЗИОНЕРИ: Оваа појава зема замав во Македонија

„ДАЛИ И ДЕЦАТА КОИ ЈА ПРЕЖИВЕАЛЕ НЕСРЕЌАТА СЕ НЕДОБРОНАМЕРНИЦИ“: не запираат препукувањата околу истрагата за несреќата во Кочани
„БРОЈКИТЕ И ФАКТИТЕ ЦЕЛОСНО ЈА ПОБИВААТ“: министерот Тошковски и реплицираше на пратеничката Петровска
„МАКЕДОНИЈА БЕШЕ НА ПАТ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ ЗАЕДНО СО СЛОВЕНИЈА“: професорката Најчевска со остра критика

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Собранието не помина интерпелацијата за Панче Тошковски

ИЗЛЕЗЕ ДА ДАДЕ ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВАТА: На протестот се појави и Вилма Рускоска

ЌЕ ФОРМИРААТ ЗАЕДНИЧКИ ОРГАНИ: Партиите од ВЛЕН ќе делуваат како еден субјект

(ВИДЕО) СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОВА Е АТАК ОД КРИМИНАЛЦИТЕ: Запалена е куќата на Пандов во Зелениково

ФИЛИПЧЕ: СДСМ поднесува специјален закон за финансиска поддршка на семејствата од Кочани
