Фон дер Лајен за американските царини: Не е доцна за преговори

од Nikola Popovski
44 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека вратата за преговори со американската администрација за царините што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп се уште е отворена.

Таа додаде дека европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ е „во постојан контакт“ со американските колеги.

„Ќе се обидеме да ги намалиме пречките“, пораа Фон дер Лајен.

Трамп синоќа најави воведување тарифи за увезената стока, од 34 отсто за кинеските производи, 20 отсто за оние кои доаѓаат од Европската унија, до 46 отсто за стоките од Виетнам.

Тој вчера го прогласи денот како „Ден на ослободувањето“, додека неговите противници зборуваат за „Ден на рецесија“ поради последиците од американските царини.

Трамп вети дека фабричкото производство ќе се врати во САД како резултат на царините.

Слични содржини