Германското индустриско производство падна повеќе од очекуваното во февруари, нагласувајќи ги предизвиците за клучниот сектор на земјата, кој веќе се соочува со нови пречки од агресивната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
Производството се намалило за 1,3 отсто во однос на претходниот месец - полошо од предвидениот пад од 1 отсто во анкетата на економистите спроведена од Блумберг. Падот главно бил предизвикан од градежништвото, со придонес и од храната и од енергијата, соопшти статистичката служба денеска.
Според „Блумберг економикс“, одлуката на Трамп да воведе царини од 25 проценти на целиот увоз на автомобили во САД го загрозува закрепнувањето на Германија од долгогодишната стагнација.
Германија е поделена во ставовите меѓу зголемени трошоци за одбрана и економско закрепнување. Што ќе одлучи парламентот?
13.03.2025
Автор: Aleš Kovačič
На помалку променливата тримесечна основа, производството беше повисоко за 0,1 отсто, соопшти „Дестатис“ (Destatis).
Податоците се надоврзуваат на разочарувачките бројки од минатата недела, кои покажаа дека фабричките нарачки неочекувано не пораснаа во февруари, останувајќи непроменети по падот од 5,5 отсто во јануари.
За разлика од тоа, неодамнешните индикатори за расположението во индустријата, како што се индексот Ifo и композитниот индекс на менаџерите за набавки на S&P Global, поттикнаа надежи за пресврт во производството по плановите на Германија значително да ги зголеми воените и инфраструктурните трошоци.
Секторот особено сè уште страда од слабата глобална побарувачка, прекинот на руските енергетски испораки, прекумерната регулација и недостигот од квалификувана работна сила.
Покрај тоа, новообјавените трговски давачки на Трамп, вклучувајќи царина од 20 отсто на увозот од ЕУ, претставуваат дополнителни ризици, со можност за трета последователна година на економска контракција.
Одделни податоци покажаа дека трговскиот суфицит на Германија се прошири на 17,7 милијарди евра во февруари, во однос на 16,2 милијарди евра месец претходно.
Во последните два дена се случи токму она од што Волстрит се плашеше – исчезнаа 5,4 трилиони долари, а индексот S&P 500 падна на најниско ниво во последните 11 месеци.
„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.
Анализиравме како македонските компании гледаат на новата реалност и дали има опасност по македонската економија доколку Трамп повторно ја разгори трговската војна по тримесечниот мораториум.
„СП Глобал Рејтингс“ во февруари предупреди дека Виктор Орбан се коцка со здравјето на унгарската економија со удвојување на трошоците пред изборите следната година.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.