• Горан Упале
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ дозволи да биде совладан од бесот во тензичниот натпревар против Реал Сосиедад во полуфиналето од Купот на Кралот. Натпреварот по продолженијата заврши нерешено 4-4, вкупни 5-4 во корист на Реал, а решавачкиот гол во 115. минута го постигна Антонио Рудигер.
Дуелот изобилуваше со многу возбудувања, навистина беше еден од најдобрите сезонава, а бидејќи влогот беше голем, нервите на играчите од двата тима беа испружени како конци.
Ниту најискусните играчи на теренот не можеа да ги контролираат емоциите, а тоа важи и за Лука Модриќ, кој на самиот крај, во екот на тензијата, „експлодира“ и со левата рака го фати за врат играчот на Реал Сосиедад, Јапонецот Такефуса Кубо.
Кубо беше заменет и натпреварот го следеше од клупата кога имаше гужва покрај аут-линијата и споменатата реакција на хрватскиот ветеран од Реал. Не се знае што му рекол Кубо на Модриќ и го испровоцирал, но знаејќи ја природата на хрватскиот ветеран веројатно се работи за нешто сериозно.
Интересно е што Кубо беше член на Реал од 2019 до 2022 година и имаше одлични односи со хрватскиот фудбалер. И повеќе од тоа, во Модриќ виде идол, играч од кого многу научи. По доаѓањето во Реал, Јапонецот еднаш изјави дека Модриќ е играчот кој најмногу го импресионирал.