Раководството на Вардар преку јавно соопштение му искажа благодарност на Гоце Седлоски, стратег што ги предводеше „црвено-црните“ кон нова титула, но веднаш си заминува за целосно да се посвети на работата како селектор на А-репрезентацијата. „ФК Вардар сака на овој начин да изрази голема почит и благодарност кон шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски. Тој заминува да ја води “А” репрезентацијата, но вратите во клубот за него секогаш ...
Вардар со вчерашната победа над Шкендија од 3-0 ја заокружи оваа сезона во Првата македонска лига, сезона во која клубот повторно се врати на врвот во македонскиот фудбал. Во минатата кампања „црвено-црните“ го освоија Купот, а во оваа дојдоа и до лигашкиот трофеј, резултати за кои огромна заслуга има тренерот Гоце Седлоски кој си заминува од функцијата и комплетно ќе и се посвети на работата во македонската репрезентација. -ФК Вардар сака на ...
ФК Вардар му се заблагодари на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски, кој го заврши престојот во редовите на шампионит и заминува да ја води “А” репрезентацијата на Македонија. Од ФК Вардар порачаа дека за Седло вратите во клубот секогаш остануваат отворени. „Под негово водство, ФК Вардар ја заврши сезоната на најдобар можен начин — со освоена шампионска титула во Прва македонска фудбалска лига, како круна на напорната работа, дисциплината и ...
Гоце Седлоски како шампион си заминува од Вардар. Тренерот кој пред една и пол година пристигна на кормилото на Црвено-црните, за само неколку месеци во првата сезона го освои трофејот во Купот, а во оваа сезона во клупските витрини го доведе и пехарот наменет за шампионот во првенството. Од Вардар преку социјалните мрежи се заблагодарија на се тоа што Седлоски го направи за екипата во изминативе неполни 20 месеци. Седлоски со успех ја заврши ...

