Обрадовиќ пред вечерашното супер-дерби: Пола Европа ми бара билети!

551
0

Вечерва од 20:30 часот во “Штарк Арената“ во Белград, во меч од 24.коло во Евролигата се игра супер-дербито меѓу Партизан и Ц. Звезда. Јасно е дека интересот е огромен, билетите веќе одамна се распродадени и се очекува спектакл над спектаклите.

Така е секогаш кога е домаќин Партизан, а посебно кога “гостува“ вечниот ривал Црвена Звезда.

А каков е интересот за овој меч најдобро говорат зборовите на тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ:

Како прво најдобро е тоа што ќе има фанови на Ц. Звезда. Деновиве мојот помошник Искердо постојано коментира: Што навистина се случува? Мисли на тоа колку луѓе се јавуваат за билети. Еве да кажам мене во изминатите денови пола Европа ми бара билети. Ми се јавуваат од Италија, Шпанија, Грција, Франција, Германија, Турција…но билети нема, па нема. За жал на сите тоа морав да им го кажам“ рече покрај другото најтрофејниот тренер во Евролигата.

Претходно„Карачиќ како од времето на Вардар одржа мал говор – уште од автобус почнавме да ги победуваме Французите“
СледноЛазаров за чудото во Загреб: Французите не предвидоа ваква Хрватска и таму погрешија!