Мартин Томовски заминува од Потсдам на крајот на сезоната

После една сезона мината во Потсдам, македонскиот голман Мартин Томовски заминува од овој тим. Македонецот вторпат заигра во најсилната германска лига, но од следната сезона нема да го брани голот на оваа екипа.

Германскиот клуб потврди дека Томовски е еден од петмината кои заминуваат од тимот. Освен Томовски, заминуваат и Горпишин, Шрам, Хансон и Ферјан.

Потсдам го чека испаѓање од Бундеслигата, со оглед дека веќе со едната нога е во понизок ранг. Томовски идната сезона треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Едната опција е враќање во домашниот шампионат, а втората продолжување на интернационалната кариера.

Се вчитува...