(ВИДЕО) Крмов иницира Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Од:

Борислав Крмов соопшти дека како пратеник од Изборната единица 3, иницирал Надзорна расправа во врска со трагедијата во Кочани со цел да се расветлат сите пропусти:

„Во овие моменти кога сѐ уште не е поминат шокот од незамисливата национална катастрофа која се случи во Кочани, ние како пратеници и како Собрание, посебно пратениците од ИЕ 3, мора да поднесеме и морална одговорност. Поради тоа, денес, јас, како пратеник од ИЕ 3, покренувам иницијатива за Надзорна расправа во Собранието околу катастрофата што ни се случи во Кочани“ – кажа пратеникот од Левица.

„Ние таа расправа ја планираме во постојаната Анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот со која раководи Димитар Апасиев. Но, отворени сме да биде и на било која друга комисија која и одговара на власта и на остатокот од опозицијата“ – додаде тој.

„За таа цел се потребни се минимум 15 потписи и ние ги даваме нашите шест. Отвараме простор да има и Анкетна комисија, има постојана Анкетна комисија во која може да се одржи расправата, но има и времена Анкетна комисија. Во тој случај ќе се повикаме на член 76 став 3 од Уставот, за која се потребни дваесет потписи и апсолутно, на нас не ни е битно ние да го водиме процесот, поентата е да се почне сега и веднаш за да се дојде до одговорите кои ни се потребни“ – објасни Крмов.

„За жал, гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат во медиумите, околу надзорна или анкетна, дали треба да има, или не, дали и за другите катастрофи, дали за Кочани итн. – ние мислиме дека нема време за ова, доволно време одмаравме, треба да се делува што побргу.
Мора да се види каде потфрлија органите на државната управа, зошто ни се случи ова што ни се случи и кои индивидуи се одговорни“ – потенцираше пратеникот Борислав Крмов.

Би можело да ве интересира

Левица: Тошковски ги иззема од истрага кадрите на ДПМНЕ – селективна одговорност е неодговорност

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

(ВИДЕО) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ претендираат за трет мандат спротивно на Законот

Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа од лекување во странство, надвор од земјава се хоспитализирани уште 55 пациенти

Борисов: Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани, се постапува по жалби на одлуки на судии на претходна постапка

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани