Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт ќе остане во тимот и следната сезона, смета експертот на авторитетното издание „Атлетик“ – Дејвид Орнштајн.

„Црвените ѓаволи“ ќе бараат да го одржат здрав бидејќи се верува дека тој совршено се вклопува во шемата на Рубен Аморим. И самиот Португалец изрази многу позитивен став кон играчот за врска од неговото доаѓање, наведувајќи дека за него има дури две позиции во актуелната шема на тимот.

-Не очекувам дека Мејсон Маунт ќе си замине на лето. Манчестер Јунајтед ќе биде фокусиран на тоа да го одржи во форма и да го извлече најдоброто од него бидејќи се верува дека тој совршено одговара на шемата и стилот на Рубен Аморим, вели Орнштајн.

Маунт беше доведен на „Олд Трафорд“ во летото 2023 година за околу 65 милиони евра, но континуираните повреди не му дозволија на играчот до сега да се наметне во стартниот состав на тимот.

Последната повреда на играчот од средниот ред дојде во средината на декември, а тој се врати на терените дури во поразот од Нотингем Форест пред два дена.


Администратор
04/04/2025 04:42