Портпаролката на заминувачката француска влада, Орор Берже, денес изјави дека Емануел Макрон ќе остане претседател на Франција „до последниот момент од неговиот мандат“. – Во францускиот Устав нема мандат за отповикување. Прашањето за оставка не постои. Не сакам никој да ја напаѓа институцијата што ја претставува претседателот на Републиката, изјави Берже за телевизијата BFM, коментирајќи ги изјавите на поранешниот премиер Едуар Филип и други ...
Францускиот претседател Емануел Макрон „ќе назначи премиер во рок од 48 часа“ врз основа на заклучоците од разговорите што ги водел премиерот во заминување Себастијан Лекорну со различни политички сили, објави во среда канцеларијата на шефот на француската држава. Непосредно пред тоа, Себастијан Лекорну процени дека назначувањето на нов премиер ќе се случи во рок од 48 часа со цел да се избегне распуштање на Националното собрание. Претседателот ...

