Англискиот репрезентативец Џек Грилиш, кој игра за Манчестер сити, конечно постигна гол во Премиер лигата, и тоа по пауза од 15 месеци и 17 дена.
Грилиш вечерва го „начна“ Лестер за водство на Сити од 1-0, и тоа само по една минута и 49 секунди игра на празниот „Етихад“, каде што навивачите го бојкотираа стартот на мечот поради протест за скапите билети.
Претходниот премиерлигашки гол на Грилиш беше на 16 декември 2023 година против Кристал палас.