Неделното, редовно коло во првенството на петте Трети фудбалски лиги на Македонија беше одбележано со несекојдневен висок резултат постигнат во Третата лига-исток на мечот во Виница на кој фудбалерите на Слога катастрофално го победија Хоризонт Турново дури со 15:0.
Убедлив триумф од 1-7 оствари и тимот на Шкендија Арачиново над Кадино, и има обезбедено прво место во Третата лига – север.
Поголемиот број на натпревари од Третата лига – југозапад не беа одиграни поради лошото време и катастрофалните услови за игра.
Трета лига –исток 15 коло:
Слога-Хоризонт Турново 15:0
Овче Поле-Карбинци 1:0
Тиверија-Ударник 0:3
Брегалница/ Делчево/-Светлост 2:1
Малеш-Дојранскко Езеро 0:1
На табелата води Слога со 36 пред Овче Поле и Брегалница со 23 бода
Трета лига-југ- 18 коло:
Венец /Д.Дисан/-Слога/Лажани/ 1:1
Росоман -Питу Гули 1:3
Младост /Кривогаштани/-Дреново 5:0
Бучим-Влазними 1:3
Превалец-Башкими 4:2
Големо Коњаре и Ултрас беа слободни
На табелата води Големо Коњаре со 38 пред Превалец со 35 и Башкими со 32 бода.
Трета лига-југозапад 14 коло
Света Тројца/Охрид/-Евротоп 0:1
Кравари-Славеј 2:0
Влазними-Велешта 2:2
Натпреварите Кораби-Преспа, Демир Хисар Сатеска и Караорман- Светлост не се одиграа поради лошото време.
На табелата води Преспа со 21 бод.
Трета лига-запад -15 коло
Напредок-Ренова 2:3
Вардар-Камењане 1:2
Доброште-=Речица 2:1
Џепчиште-Влазрими/Слатино/ 3:2
Тетекс-Зајас 3:0/службено/
Влазрими /Кичево/-Дрита одложено
На табелата води Тетекс со 41 пред Влазрими /Кичево/ со 34 бода.
Трета лига север 18 коло:
Кадино-Шкендија 1:7
Башкими-Ржаничино 2:1
Фортуна-Њу Старс 6:0
Беса Влазрими-Академија Илинден 3:2
Ринија-Аеродром 2:1
Еуромилк –БВК Коњаре 5:0
Пчиња-Куманово 4:0
На табелата води Шкендија со 52 пред Фортуна со 36 бода.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА