Кошмар за Арсенал: Двајца дефанзивци „висат“ пред пресметката со Реал

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Арсенал би можел да остане без централниот бек Габриел Магалхаес на следниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, изјави во вторникот менаџерот Микел Артета откако Бразилецот ја напушти играта при победата на „топчиите“ од 2-1 над Фулам поради повреда, објави Ројтерс.

Тој беше принудно заменет по само 15 минути игра на натпреварот, со што се додаде уште еден проблем на тимот од Северен Лондон. Холандскиот бек Јуријан Тимбер исто така мораше да биде заменет во вториот дел од натпреварот, откако почувствува проблем во коленото.

Артета за медиумите изјави дека двајцата ќе бидат подложени на лекарски прегледи денеска за да се утврди нивната состојба.

„Габи почувствува нешто во препоните, се уште не знаеме колку е сериозно. Јуриен имаше проблеми на почетокот на натпреварот, успеа да продолжи, но во еден момент не можеше повеќе”, изјави шпанскиот менаџер. Тој се пожали дека Арсенал има четири повреди на одбранбените играчи во период од една недела.

По репрезентативните натпревари на Италија со повреда се врати и 22-годишниот Рикардо Калафиори, а бекот Бен Вајт повторно е надвор од терените.

Запрашан дали имал слична сезона со толку многу проблеми со повреди, тој одговори: „Не, но работите се такви какви што се“.

Уште еден бек, Такехиро Томијасу, е надвор од теренот до крајот на сезоната, како и напаѓачите Каи Хаверц и Габриел Жесус, кои имаат сериозни повреди.

Арсенал му гостува на Евертон во сабота, а потоа му гостува на Реал Мадрид на 8 април во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Слични содржини