Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам дека Соединетите држави и Кина на крајот ќе постигнат договор за царини што ќе биде многу добро за двете земји, истакнувајќи ги неговите добри односи со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

„Ќе видиме што ќе се случи со Кина. Би сакале да можеме да склучиме договор. Тие навистина ја искористија нашата земја долго време“, рече Трамп, кој ги обвини поранешните американски претседатели дека дозволиле, како што наведе, Кина да ги киднапира САД, објави Си-Ен-Ен.

Трамп рече дека многу го почитува кинескиот претседател, велејќи дека тој е негов пријател долго време.

Би можело да ве интересира

Трамп: Големата отстапка на Москва е што Русија не ја окупира цела Украина

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски

Трамп: Украина е виновна за војната, но Крим останува руски

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски

Лавров: Подготвени сме да постигнеме договор со САД за Украина, Трамп е единствениот што разбира

Трамп бара дозвола од Врховниот суд да спроведе забрана за трансродовите лица да служат во војска