Шпанската професионална фудбалска лига ( Ла Лига ) поднесе административна жалба барајќи „претпазливи мерки“ против резолуцијата на Националниот спортски совет ( ЦСД ) со која им се дозволува на играчите на Барселона Дани Олмо и Пау Виктор да играат до крајот на сезоната.
Да потсетиме, највисокото тело во шпанскиот спорт пред неколку дена донесе одлука Олмо и Виктор да можат да продолжат да играат за Барселона до крајот на сезоната.
Ла Лига ја обжали оваа одлука, барајќи итен судски одговор за да се гарантира конкурентската рамнотежа и финансиската одржливост на професионалната конкуренција.
Телото предводено од Хавиер Тебас смета дека одлуката на ЦСД „сериозно ја нарушува регулаторната рамка која се однесува на економската контрола и издавањето спортски лиценци, го поткопува општиот интерес на натпреварувањето и го загрозува неговиот интегритет и го нарушува принципот на еднаквост меѓу клубовите“.
ЦСД, одговорна за решавање на овој спор меѓу Барса и Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација, на 3 април донесе одлука во корист на каталонскиот клуб. Поништувањето на лиценците на двајца шпански играчи, Дани Олмо и Пау Виктор, го сметаше за „ништовно“ поради немањето финансиски гаранции, што им овозможува да играат до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА