По изведени 25 удари во пенал – серијата: Партизан елиминиран во Купот на Србија, Димоски остана на клупа!

134
0

Вистинска драма се случуваше денеска на мечот од 1/4 финалето во Купот на Србија меѓу Партизан и ТСЦ. Имено по регуларниот дел резултатот беше 0:0, исто така немаше голови ни во продолженијата, и затоа се отиде во пенал серијата.

А таму верувале или не, беа изведени 25 пенали, значи беше завршена 12-тата серија и почна 13-тата. Дури тогаш гостите успеаја да дојдат до пласман во 1/3 финалето и да победат со резултат 9:10 во пенал серијата.

Ова значи дека Партизан и шеста година по ред нема да освои пехар во Србија.

Треба да се каже дека нашиот репрезентативец Бојан Димоски остана на клупата, не доби минутажа на оваа средба.

ПретходноНишто од Скопје или Битола: Партизан и АЕК ќе играат во Бугарија!
СледноПрилеп и Куманово тргнаа победнички во плеј-аут лигата