Манчестер јунајтед се пласираше во четвртфиналето на Лигата на Европа благодарение на извонредната партија на Бруно Фернандеш кој со хет-трик донесе победа од 4-1 за „црвените ѓаволи“ во пресметката против Реал Сосиедад.
По оние 1-1 од првиот меч во Шпанија, Реал Сосиедад вечерва на „Олд Трафорд“ поведе со 0-1 со голот од пенал на Ојарзабал уште во 10. минута.
Но, потоа на сцената стапи Бруно Фернандеш, кој најпрво со два гола од пенал во 16. и во 50. минута донесе 2-1, а во 87. минута со трет гол запиша хет-трик за 3-1. Далот во 91. минута заокружи за конечни 4-1.
BRUNO FERNANDES HAT-TRICK!!
pic.twitter.com/QLGfxq8QOt
— Lowkey Fútbol (@lowkey_Futbol) March 13, 2025
Во четвртфиналето сосема очекувано се пласираше и Лион по нова убедлива победа од 4-0 против ФЦСБ.
Тотенхем, пак, го победи АЗ Алкмар со 3-1 и успеа да ја надомести негативата од 0-1 од првиот натпревар во Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА